Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Ревизорски извештај за Општина Охрид доставен до Обвинителството, оформен предмет за постапување

Државниот завод за ревизија на 19 декември 2025 година го достави ревизорскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот завод за ревизија на 19 декември 2025 година го достави ревизорскиот извештај за Општина Охрид до Јавното обвинителство на Македонија, од каде извештајот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Охрид. Како што информираат од Обвинителството, оформен е предмет и се преземаат дејствија на проверки.

Државниот завод за ревизија (ДЗР) вчера информира дека Општина Охрид нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, нема преземено мерки за отстранување на бесправно изградените објекти, особено во заштитените подрачја, поставувањето урбана опрема е без дозволи и платени комунални такси, а субвенционирањето на јавните претпријатија во вкупен износ од 36 505 илјади денари е без програма и претходно обезбедена согласност од Советот.

Според конечниот Извештај што го објави ДЗР,  во дел од населените места се утврдени изведени градби и градежни активности на објекти за индивидуално домување и хотелски комплекс за кои не е платен надоместок за уредување градежно земјиште и не се издадени одобренија за градење.

Реклама

Според ДЗР, за 11 населени места/села Советот на општината нема донесено урбанистички планови за село и урбанистички план вон населено место, а за 9 населени места донесени се решенија за одобрување на планска програма за изработка на урбанистички план, но истите сè уште не се донесени. Во дел од населените места ревизијата утврди изведени градби и градежни активности на објекти за индивидуално домување и хотелски комплекс, за кои не е платен надоместок за уредување на градежно земјиште и не се издадени одобренија за градење.  

Ревизијата утврдила и дека не е донесен урбанистички план за крајбрежјето (појасот со ширина од 50 метри, сметано од границата на КП 1/1 „Охридско Езеро“), а за Годишната програма за поставување урбана опрема за 2024 година, не е обезбедено позитивно мислење/согласност од Управата за заштита на културното наследство.

Согласно извршената овластена проценка, експроприраното градежно земјите е проценето во вредност од 3 315 илјади денари, додека земјиштето кое се дава како надомест на 2 622 илјади денари, а за разликата од 693 илјади денари понудена е друга недвижност за која се уште постапката е во тек.

Во Извештајот е заклучено дека се констатирани состојби, неправилности и неусогласености во работењето на Општината и поради нивното значење е изразено мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година. 

Општина Охрид објави конкурс за пријавување кандидати за бесплатни курсеви за готвачи, заварувачи, сметководители и за изучување на германскиот јазик, со цел стимулирање на социјалната интегр

Од Општина Охрид вчера посочија дека ќе постапат согласно дадените препораки од Државниот завод за ревизија по Извештајот изготвен врз основа на ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Охрид за 2024 година.

-Општина Охрид ги прими забелешките од Државниот завод за ревизија по спроведената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност за 2024 година. Веднаш се преземени активности за постапување согласно дадените препораки, преку утврдување на конкретни мерки и задолжувања на надлежните институции и одговорните лица, истакнуваат од Општина Охрид.

Од Општината Охрид велат дека остануваат посветени на унапредување на финансиското работење, транспарентноста во согласност со законските процедури и важечките прописи.