Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Решен хаосот со издавање посоши и лични карти – отсега документи за 15 дена

Решен хаосот во МВР. Вадењето на личните документи вратено во законскиот рок.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Решен хаосот во МВР. Вадењето на личните документи вратено во законскиот рок. Сите граѓани кои ќе се сликаат денеска – за 15 дена ќе ги добијат патните исправи вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Апелира сите кои досега не ги замениле  возачки дозволи со новото уставнотоиме да поднесат барање бидејќи овие дозволи нема да важат од 1 јануари.

  • „Ветено-сторено. Како што најавивме пред два месеци, издавањето на лични го доведуваме во нормала. Од оваа недела па натаму секој граѓанин што ќе поднесе барање за добивање на патна исправа, лична карта и возачка дозвола, тоа право ќе може да го оствари во законскиот рок, во рок од 15 дена.. Тоа што го ветивме го остваривме, беше тешко, полициските службеници мораа макотрпно да работати  во две смени и во викенди. Успеавме проблемот што претходниците вештачки го создадо со неработењето да го разрешиме, и системот во делот на управните служби да го вратиме во нормала. Граѓаните заслужуваат достоинствен и нормален начин на вадење на личните документи во рамки на законскиот рок“, рече министерот.

МВР работи и на олеснување на процедурите за вадење на лични документи, вели Тошковски, за по 10-тина години кога ќе треба повторно да се вадат нови документи поради истекување на важноста да не дојде до истите проблеми. 

  • „Не се секирајте. Ние ги решаваме проблемите. Во иднина максимално ќе се ангажираме на развластување на дискрециските права, а процесот на дигитализација ќе биде насочен на тие прашања. Сите постапки така ќе се нормализираат. За 10 години од сега нема да имаме таков проблем. Тема сега не се обрасците за личните документи, ниту другите проблеми на кои наидовме“, рече министерот за внатрешни работи и најави реновирање на пунктовите во Македонската радио телевизија.

Досега се издадени 750.000 возачки дозволи, а треба да се променат уште 250 илјади до крајот на година. Обновени се и милиони и 740 илјади патни исправи и околу милиони 440 илјади лични карти.