Реклама

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Македонија

Реконструкција на Владата: Новите имиња пред пратениците до крајот на месецов

До крајот на јуни ќе се заокружи целиот процес со реконструкцијата на Владата, а до 1 јули списокот ќе се најде пред пратениците.  Премиерот Мицкоски, по состанокот со коалицискиот партнер Вреди, кој поминал во одлична атмосфера, најави дека во наредниот период ќе бидат познати имињата на сите министри кои ќе бидат опфатени со реконструкцијата на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на јуни ќе се заокружи целиот процес со реконструкцијата на Владата, а до 1 јули списокот ќе се најде пред пратениците.  Премиерот Мицкоски, по состанокот со коалицискиот партнер Вреди, кој поминал во одлична атмосфера, најави дека во наредниот период ќе бидат познати имињата на сите министри кои ќе бидат опфатени со реконструкцијата на Владата. Се разгледуваат секакви опции.

„Во интерес на процесот не би зборувал премногу околу конкретни кадровски решенија, имиња и слично. Се разгледуваат секакви опции. Во добра, пријатна атмосфера беше вчера состанокот. Се разгледуваат опции за промена на ресори, така што мислам дека многу бргу ќе го затвориме овој прв дел од процесот во условно кажано првиот ешелон“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Покрај владините министри, ќе има смена на списокот со имиња и од подолните ешалони во Владата, а со реконструкцијата ќе бидат опфатени и директорите на јавни претпријатија на локално ниво. До крајот на септември Мицкоски очекува и целосно ажурирање и дополнување на членството во партијата.

Реклама

„Ние имаме и на локално ниво прилично голема бројка на директори на јавни претпријатија. Имаме свои мислења за работата на дел од тие луѓе. Имаме места каде што можеме подобро. Имаме места каде што сме исклучително задоволни. Такви се повеќето…Ќе отпочнеме процес таму некаде во втората половина на јули, кој што евентуално би траел до крајот на септември на ажурирање на членството и ново зачленување во ВМРО ДПМНЕ“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

За министерот за социјална политика демографија и млади, Фатмир Лимани, на кој денес му заврши мандатот, Мицкоски е тој кој го има последниот збор. Со Вреди, не биле тука ЗА да и бидат товар на Владата, туку да му служат на народот.

„Не сме овде за да бидеме товар, но да олесниме за да изградиме вакви проекти, градење на детски градинки, кои чекаат и старски домови и слични објекти кои ќе бидат во полза на нашиот наород. Што се однесува до измените, иако денес завршува мојот мандат, јас мислам дека повеќе треба да се насочиме на тоа што направивме ние за доброто на оваа држава и народот, без разлика на тоа која е цената што треба ние да ја платиме. Не сме во овие позиции да бидеме товар ни на премиерот, ни на мандатарот, ни на никого. Сме овде да играме улога на играчи кои ќе ја сработат работата во полза на народот“, изјави министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани.

Ако не се земе во предвид заминувањето на Изет Меџити од вицепремирското место, на функцијата градоначалник на Чаир, ова е прва реконструкција на Владата откако беше составена по парламентарните избори во 2024 година. Оставка од министерското место си даде и министерот за добро владеење Арбен Фетаи по скандалот и информациите кои излегоа во јавноста дека подолг период не доаѓал на работа.