Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Реконструкција на дел од булеварот „Трета македонска бригада“ во Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на кракот на булевар „Трета македонска бригада“ (кај Метро).

-Станува збор за проект со кој за првпат темелно се обновува овој значаен сообраќаен потег во Општина Аеродром. Делницата е во должина од 777 метри, со поставување на околу 6.000 м² нов асфалт, како и тротоари со вкупна површина од 1.500 м², се наведува во соопштението од Општина Аеродром.

Особено е важно што за првпат се поставува и улично осветлување, кое значително ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе придонесе за подобар и посигурен сообраќај.

Реклама

-Оваа улица е многу фреквентна – ја користат жителите од околината, но и голем број компании што функционираат во овој дел на Аеродром. Вредноста на овој проект изнесува 17 милиони и 908 илјади денари, се наведува во соопштението.

Реконструкцијата, како што велат од Општина Аеродром, е дел од поширок проект за обнова на улици во Општина Аеродром, со вкупна должина од 5,4 километри и вредност од 138 милиони денари, средства обезбедени од македонската Влада преку Министерството за транспорт и врски.