Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Реконструиран покривот на спортската сала во ООУ „Никола Карев“ од Кочани, мурали на ѕидните површини, табли за ПУ во Тркање

Неколку активности неделава се реализирани во Основното општинско училиште „Никола Карев“ од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неколку активности неделава се реализирани во Основното општинско училиште „Никола Карев“ од Кочани и во подрачното училиште во село Тркање.

Обновени се и реконструирани делови од покривот на спортската сала „Кочанските ангели 16 март 2025“, каде се изведува наставата по физичко образование. Салата е подигната пред 13 години, зафатот е направен во насока на нејзино одржување и обезбедување подобри и побезбедни услови за работа на учениците и наставниците и за сите што ја користат.

-Истовремено, во подрачното училиште во село Тркање поставени се нови бели табли во сите училници, со што значително се подобрени условите за одвивање на воспитно-образовниот процес- изјави директорот на ООУ „Никола Карев“, Александар Андов.

Реклама

Нашата цел, нагласи, е јасна, секое дете, без разлика каде учи, да има еднакви и квалитетни услови за образование.

Паралелно со ова, во училиштето се одвива проектот „Заедно за Кочани“  во партнерски однос  со невладината организација „Odonata Association“. 

Училиштето ги отстапува ѕидни површини, а ликовните уметници на „Odonata Association“ на нив создаваат мурали, како траен спомен за починатите во трагичниот пожар во „Пулс“.

Според директорот  Андов, овие уметнички дела не се само визуелен израз, туку и симбол на љубов, сеќавање и заедништво.

Реконструкцијата на делови од покривот на спортската сала и набавката на нови табли и нивното поставување во подрачниот училишен објект во село Тркање, се направени со средства што се обезбедени преку донации од општествено одговорни компании.

Сликањето  мурали на ѕидовите од училишната зграда во Кочани и спортската сала, пак, е заеднички проект со НО „„Odonata Association“ добиен од UNDP.