Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Реконструиран патот Мушов гроб – Конопиште, по 30 години прва сериозна реконструкција

Заврши реализацијата на проектот за реконструкција на регионалниот патен правец Мушов гроб…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши реализацијата на проектот за реконструкција на регионалниот патен правец Мушов гроб – Конопиште, во должина од 6,5 километри, соопштија денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Целосната реконструкција на патот е реализирана во соработка со „Македонија пат“ и со одобрени средства од ЈПДП во висина од 60 милиони денари, појаснија од кабинетот на градоначалникот.

Како што додадоа, новата асфалтна површина следи по претходните активности, изведени во соработка со општествено одговорните компании „Кожувчанка“ и „Кодинг“, кои со своја механизација ги извршиле проширувањето на банкините, чистењето на канавки и изградбата на атмосферски одводи.

Реклама

– По цели 30 години, ова претставува прва сериозна реконструкција на овој патен правец, нагласија од кабинетот на Јанчев.