Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Прилози

РЕК Битола од 20-ти декември ќе работи со само два блока заради редовно „освежување“ на постројките или пак, заради немање јаглен ?!

     Во ек на грејна сезона и пред веќе најавеното ново покачување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

     Во ек на грејна сезона и пред веќе најавеното ново покачување на цената на струјата од 1-ви јануари, количините на резерви јаглен на депонијата во РЕК Битола се на очајно ниско ниво. Во следните два дена со сигурност ќе мора да биде исклучен барем еден Блок во Термоелектраната, најверојатно третиот. Причината е немање јаглен, дознава Алфа од свои извори.

   Од РЕК Битола пак, уверуваат дека јаглен имало доволно за дваесетина дена, но признаваат дека од 20-ти декември Комбинатот, сепак ќе работи со само два блока. Ама не заради недостиг од јаглен, туку, како што велат, заради „редовното освежување на постројките“.

   „РЕК Битола во моментов располага со околу 305.000 тони јаглен на залиха. Тоа се доволни количнини за континуирана работа на РЕК Битола со сите три блока за 20-тина дена. Предвидено е Комбинатот да работи со три болка до 20 декември, по што треба да следува период во кој Комбинатот ќе произведува со два блока. Долгогодишното искуство покажува дека за време на новогодишните и божикните празници се намалува побарувачката на електрична енергија и затоа тој период се користи за „освежување“ на постројките. Планирани се активности најпрвин на Блок 3, а потоа и на Блок 2“, – се вели во одговорот од РЕК Битола.  

Реклама

   Инаку, веќе во текот на наредната недела ќе треба да се знае и новата повисока цена на електричната енергија. Досега се знае дека ЕСМ на ЕВН Хоум ќе и’ продава за 7 проценти поскапа струја. А додека компаниите побарале поскапување на струјата за домаќинствата од 27 проценти. Напоредно, воведена е и нова ставка „пристап до мрежа“ за која познавачите велат дека може дополнително да ја оптовари цената на мрежарината ако не се намали за истиот износ кој ќе се наплати од т.н. „Данок на луксуз“.

Каролина Дурло