Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Економија

Регулаторна удри по ЕВН – санкции и одземање на лиценца ако не ги корегира сметките

По превисоките сметки за струја кои граѓаните ги добија за изминатите два…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По превисоките сметки за струја кои граѓаните ги добија за изминатите два месеци, Регулаторната комисија му порача на ЕВН дека може да остане без лиценца. Претседателот на РКЕ Граѓаните се жалеле дека броилата не се читале и дека сметките не биле порамнети. Бислимовски им порача сами да си ги прочитаат броилата, новата состојба да ја пријават во ЕВН преку Вибер, електронска апликација, телефон или електронска пошта, но и да не плаќаат за нешто што не го потрошиле. На оние пак што не можат да ги прочитаат броилата им сугерираше да платат онолку колку што сметаат дека треба да изнесува сумата.

Речиси и да нема семејство во земјава кое изминативе два месеци не добило повисока сметка за струја. Некои велат ја имаат највисоката сметка што некогаш им стигнала во животот. Гневни се на ЕВН бидејќи и покрај непрочитаните броила, им стигнале сметки за електрична енергија во износ кој го трошеле во најстудените месеци. Секако, има и граѓани кои веќе добиле порамнети пониски сметки.

Од ЕВН велат дека од 15- ти април броилата се отчитуваат и корисниците добивале порамнети и корегирани сметки и дека досега ги следеле препораките дека не е препорачливо во време на епидемија да читаат 200 илјади броила. Затоа биле изготвени проценети фактури.

Реклама

„Сите корисници кои доставија состојби за корекција добија корегирани сметки. Ова значи дека на корисниците во сметките им е регистрирана реалната потрошувачка. Се разбира секој кој ќе забележи разлика во состојбите на броилото и на сметките во секој момент може да побара корекција на сметка. Во никој случај корисниците нема да бидат оштетени или пак да ја авансираат ЕВН. Никогаш на корисниците нема да им биде наплатено повеќе од она што реално го имаат потрошено“ – велат од ЕВН.

Досега 150 граѓани поднеле претставки до Регулаторната комисија за енергетика.

Тања Попова