Реклама
Економија

Регулаторна не очекува поскапување на струјата

Инвестициите се добредојдени и во делот на енергетиката – во насока на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестициите се добредојдени и во делот на енергетиката – во насока на стабилност, но и зголемено домашно производство, што на долг рок дава гаранции дека нема да има шокови за стопанството и граѓаните.

До крајот на овој или почетокот на следниот месец, Регулаторната комисија за енергетика ќе ги соопшти цените за пренос и дистрибуција на електричната енергија.

Претседателот на Регулаторна, Бислимоски, не очекува било какви поместувања во овој дел кои би довеле до поскапа струја. Од МЕПСО не очекуваат испади во текот на зимскиот период. Велат дека инвестираат во континуитет и дека граѓаните треба да бидат спокојни.