Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Економија

Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзник до 15 јануари, МФ со прирачник за граѓаните и фирмите

Од 1 јануари стапи на сила нов праг за ДДВ обврзници во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 1 јануари стапи на сила нов праг за ДДВ обврзници во износ од 2 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните и малите фирми. Заклучно 15 јануари сите правни или физички лица кои во 2019 година имале промет под 2 милиони денари, а се регистрирани како ДДВ обврзници, имаат можност да се дерегистрираат од Регистарот на ДДВ обврзници, додека оние кои во 2019 година имале промет над 2 милиони денари, а не се регистрирани треба да се регистрираат како ДДВ обврзници.

Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност, можат да достават и даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност.

Пријавите за регистрација може да се достават по пошта, лично до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи, согласно седиштето или живеалиштето на даночниот обврзник или по електронски пат на http://etax.ujp.gov.mk .

Реклама

Даночните обврзници, кои во 2019 година имале промет под прагот од 2 милиони денари, доколку сакаат, пријавата за дерегистрација за ДДВ обврзник, можат да ја поднесат до даночната канцеларија на УЈП или во електронска форма на линкот http://etax.ujp.gov.mk .

Министерството за финансии направи прирачник во кој граѓаните и фирмите ќе можат да се информирмираат повеќе за новиот праг и кој се има или нема обврска како ДДВ обврзник. Прирачникот можете да го најдете на веб-страната на Министерството за финансии: https://www.finance.gov.mk/files/final%20v3_0.pdf .

Инаку прагот за ДДВ обврзник беше зголемен од 1 милион денари на 2 милиони денари кон крајот на минатата година со цел да се намали административниот товар за граѓаните и фирмите. Кога ги презентираше законските измени, министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека сеопфатата анализа на Министерството за финансии покажала дека даночната администрација троши повеќе време за малите ДДВ обврзници кои придонесуваат со два проценти во вкупната наплата на ДДВ, отколку на оние кои придонесуваат со 73 проценти. Исто така, со ова Владата им дава поддршка на малите и средни компании да растат и да се развиваат.

Исто така, со новите законски измени променет е и периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ и истиот е скратен на три години од претходните пет години.