Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Прилози

Реформа на јавната администрација – нема да има доживотни функции и недопирливи позиции

Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции во државната администрација. Мерит системот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции во државната администрација. Мерит системот станува правило, а не исклучок. Со новиот предлог закон за високи раководители на органите на државната управа и фондовите, за првпат се воспоставува систем со јасна рамка за тоа кој, како и под кои услови ќе може да ги води клучните институции во Македонија. Законот опфаќа 19 министерства, без МВР, 48 органи во состав на министерствата, 29 самостојни органи на државната управа и три фондови. Воспоставена е јасна рамка за времетраењето на мандатот на високите раководители кое по правило изнесува четири години, но не смее да биде помалку од две, а повеќе од пет години на функцијата. Едно лице не може да биде висок раководител повеќе од два пати последователно. Целта како што нагласи министерот за администрација Минчев, е професионализација на администрацијата, ограничување на политичките влијание и избор на раководители според знаењето, резултатите и одговорноста.                                                                                                                

Прв пат се воспоставува единствена, јасна и системска рамка за именувањето, мандатот, одговорноста и разрешувањето на највисоките раководни позиции во администрацијата. Воведуваме појасни и унифицирани критериуми за избор на директори, државни секретари и членови на колегијални органи на државната управа, но и за членови на управни одбори за кои досега не постоеја речиси никакви правила, подвлече Горан Минчев, министер за јавна администрација.

Со новиот предлог закон не се предвидени формирање на нови институции и органи, а нема да има импликации и по буџетот, статусот В.Д. станува строго временски и правно ограничен..

Реклама

„Функциите на високите раководители треба и мора да се достапни за сите заинтересирани кандидати под еднакви услови. Именувањето висок раководител е предвидено да се врши во транспарентна, фер и конкурентна постапка за селекција, со што се гарантира изборот на најуспешниот и најдобар кандидат, истакна Игор Јанушев, генерален секретар на Владата.

Предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите од 31 декември е објавен на платформата ЕНЕР, каде што јавноста може да доставува свои забелешки и предлози.