Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Реагенсите од исклучените фрижидери на ИЈЗ се функционални, се трага по виновниците

Спасени се сите реагенси за тестирање на заразни болести во ИЈЗ кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спасени се сите реагенси за тестирање на заразни болести во ИЈЗ кои беа во исклучените фрижидери. Од оваа здравствена установа информираат дека по добиените резултати од испитувањата, реагенсите меѓу кои и за голема кашлица но и останатите кои биле во коморите за среќа сите се функционални.И ќе можат да се користат за детекција на поголем број заборувања.

Прочитани се добиените резултати и согласно истите се установи дека молекуларните тестови за детекција на голема кашлица, како и подлогите за култивација на бактерии, антибиотиците за изготвување на антибиограми и сите реагенси кои се наоѓаа во исклучените фрижидери, се функционални и може да се продолжи со нормално функционирање на одделението за бактериологија”, соопштија од ИЈЗ.

Засега останува мистерија кој ги исклучил осигурувачите од фрижидерите, истрагата треба да покаже кој е виновникот.

Реклама

Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска по скандалот кој на време беше откриен се сомнева во саботажа од страна на некој од вработените. Каде што некој намерно или случајно ги исклучил фрижидерите каде ги чуваат материјалите за испитувања на заразни болести. Од стотина осигурувачи во разводната табла, биле симнати само оние поврзани со фрижидерот. За среќа, според надлежните, брзата реакција спречила да дојде до голема штета.

Обвинителството офирми предмет по допрен глас за да испитаат дали во конкретниот случај има елементи на кривично дело.

Со овој случај постоеше опасност ИЈЗ да остане без ниту еден реагенс за голема кашлица во време на епидемија од истата болест.

Пред само неколку денови, директорката Андоновска алармираше дека претходното раководство на Институтот не набавило доволен број реагенси за голема кашлица и побара за тоа да има одговорност.

Ања Лукарова