Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Прилози

Разрешена судијка од Велес ќе одговара кривично поради фалсификат

Разрешена судијка од Велес заедно со брачна двојка-газди на ланец аптеки во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Разрешена судијка од Велес заедно со брачна двојка-газди на ланец аптеки во градот успеале преку судска постапка и фалсификат документи да и одземат дуќан на фирма од Скопје, и да си го внесат деловниот простор каков нивни во Катастар.

Наташа Мишева заработи обвинение од кавадаречкото обвинителство поради тоа што издала правосилна и извршна пресуда, која била спроведена во Катастарот, иако за одлуката имало жалба во Апелациониот суд Скопје и пресудата била преиначена. Според скопска апелација, дуќанот не го добиле газдите на аптеки бидејќи бил незаконски впишан во Катастар. Мишева, изигрувајќи го АКМИС системот, им го дала на рака решението што го донела, и брачната двојка – аптекари, си извадиле имотен лист.

Разрешената судијка заедно со сопружниците, се товарат за фалсификување службена исправа и за употреба на исправа со невистинита содржина.

Реклама

Иако пресудата не била правосилна и извршна, а тужените навреме изјавиле жалби, судијката поттикната со умисла од сообвинетите, ја заверила со службен печат за правосилност и извршност со што свесно внела невистинит податок во службената исправа. Ваквата службена исправа со невистинита содржина таа ја дала на рака на управителката на правното лице, наместо преку судска достава, информираат од Јавното обвинителство.

Згора на се, судијката со посебно решение ја задолжила фирмата од Скопје којашто го изгубила дуќанот, да ги плати и судските трошоци во износ од околу 18. 000 евра третирајќи ја својата пресуда како правосилна и извршна. Газдите на аптеки, освен што, со решението на судијката си завршиле работа и си го присвоиле дуќанот, туки и преку извршител си ги наплатиле судските трошоци.

Со лажно прикажување факти од судските постапки тие нанеле значителна имотна штета на спротивната страна, а за себе прибавиле значителна имотна корист. Парничните трошоци за постапката ги наплатиле преку извршител, информираат од Јавното обвинителство.

Имено, Наташа Мишева при крајот на 2022-ра Судскиот совет ја разреши поради нејзиното постапување во овој случај. Тогаш во јавноста не излегоа детали во кој предмет, Мишева судела незаконски.