Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Свет

Разорни торнада и бури ја погодија САД: Најмалку 40 загинати, целосно уништени градови!

Најмалку 40 лица загинаа, а десетици се повредени во разорните торнада и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку 40 лица загинаа, а десетици се повредени во разорните торнада и бури кои го погодија централниот и јужниот дел на САД минатиот викенд. Невремето, проследено со силни ветрови, поројни дождови и пожари, остави зад себе пустош – уништени домови, урнати згради и патишта покриени со превртени возила. Најголемиот број на жртви се регистрирани во сојузната држава Мисури, каде што загинаа најмалку 12 лица. Осум луѓе го загубија животот во Канзас поради верижен судир предизвикан од песочна бура, шестмина загинаа во Мисисипи, а четири во Оклахома, каде што дополнителен проблем претставуваат бројните пожари.

Гувернерот на Мисури, Мајк Кехо, по посетата на најпогодените подрачја изјави дека ситуацијата е катастрофална: „Штетата е страшна. Цели населби се збришани, луѓето останаа без домови, а обновата нема да биде лесен процес.“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалната мрежа Truth Social дека неговата администрација внимателно ја следи ситуацијата и дека Националната гарда веќе е распоредена во Арканзас за да им помогне на погодените заедници.

Реклама

Според податоците на Американската национална агенција за океани и атмосфера (NOAA), во 2024 година низ САД биле регистрирани речиси 1.800 торнада, што е најголем број од 2004 година.