Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Расте бројот на доктори во Македонија кои се заразени со Ковид 19

Расте бројот на доктори кои се заболени од корона вирусот во Македонија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте бројот на доктори кои се заболени од корона вирусот во Македонија. По четирите доктори и медицинскиот персонал од Дебар, докторка-анестезиолог од Куманово е дијагностицирана со Ковид 19.

Докторката е во оние 5 случаи на ново заразени од корона денеска во Куманово, таа информацијата дека е позитивна на вирусот ја сподели на социјалните мрежи. Вели не знае од кого го добила вирусот, а не ни била надвор од Македонија.

Имав контакт службено и со заболената која почина, имав контакти и со ’здрави‘ луѓе на работа. Не шетав никаде надвор од Македонија. Не знаеме кој е носител, а навидум е здрав. Никој не сака свесно да пренесе некому, затоа седете дома. Вие кои не морате да одите на работа, не одете на кафе по комшии, правете муабет на растојание од 2 метра ако веќе морате, напиша докторката на Фејсбук.

Реклама

Како што дознава Алфа, има уште две медицински лица од кумановската болница кои се позитивни на вирусот.

Откако Корона вирусот ги зема првите жртви, меѓу кои е и 57 годишната жена од Куманово,која беше регистрирана како првиот смртен случај од Ковид 19, оваа општина на денешниот состанок на кризниот штаб бара од министерството за здравство, да се тестираат сите здравствени работници во Куманово, полициските службеници и пожарникарите. Од кризниот штаб бараат и дислокација на бегалците.

Бараме од Владата на Република Северна Македонија да донесе Одлука за дислокација на осумдесет и еден бегалец од ПТЦ Табановце, кои повеќе од дваесет дена се наоѓаат во кампот.

Велат има потреба и од носење на итна одлука да се стави во целосен карантин, а токму за тоа апелираше и градоначалникот на Куманово пред камерите на Алфа.

Од општината велат дека редовно се деизнфицираат улиците и јавни простори, но сепак аплеираат до граѓаните да се придржуваат до мерките кои ги дава Владата.
Вчера бројот на заболени во Куманово беше 3, меѓу кои е и починатата, а денеска веќе бројката се искачи на 8.

Мери Ѓорѓиевска