Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Распишан огласот за вработување медицински персонал, болничари и хигиеничари во штипската Клиничка болница

Штипската Клиничка болница денеска го објави првиот оглас за вработување медицински персонал,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штипската Клиничка болница денеска го објави првиот оглас за вработување медицински персонал, во текот на оваа година. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев изјави дека денеска е објавен оглас за 23 работни места, а веќе следната недела ќе бидат објавени уште две позиции за административен кадар. 

-Денес во националните весници е излезен оглас за 23 вработувања во моментот. Од тие 23 вработувања ќе има уште две вработувања наредната недела, значи вкупно ќе имаме 25 одобрувања за вработувања на неопределено, а во моментот се распишани за 23. Тоа се од областа на здравствени работници – стоматолог, фармацевт, фармацевтски техничар, акушерки, медицински сестри, физеотерапевти, потоа за помошен персонал кај што имаме хиегиничари и болничари поголем дел, значи околу 10 вработувања и следната недела за двајца административни работници, исто ќе се распише оглас. Огласот ќе трае точно околу 10 дена и потоа ќе чекаме инструкции од Министерство за здравство и административниот сектор за понатамошно постапување во врска со огласот – изјави Захариев.

 Во Штипската Клиничка болница веќе се прават подготовки за нов оглас за вработувања, кој се очекува да биде распишан есента. Прашан дали се надминува дефицитот на кадар, Захариев вели дека најголем дефицит има од медицински сестри, болничари и хигиеничари, додека бројот на лекари засега е релативно стабилен.

Реклама

-Повеќе пати сме кажале значи имаме голем дефецит на кадар. Релативно го ублажува дефецитот, но по завршување на овој оглас, веќе во подготовка сме и правиме планови за нов оглас што планираме, да го распишеме некаде околу септември-октовмри. Ние ќе бараме уште околу 30 вработувања, а колку ќе добиеме, тоа е веќе прашање на договорања со Министерството за финасии и Министерство за здравство, ќе видиме колку се, се надеваме на што поголем број. Највеќе ни недостигаат медицински сестри, болничари, хигиеничари – рече Захариев. 

Инаку, штипската Клиничка болница се подготвува за отварање на Ургентниот центар, бидејќи се создадоа услови со сместување на 17 специјалистички амбуланти преку системот „Мој термин“ во поранешната модуларна болница.