Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Раната превенција од пожари-тема на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Делчево

Раната превенција од пожари на отворен простор беше во фокусот на денешниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Раната превенција од пожари на отворен простор беше во фокусот на денешниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Делчево, на кој надлежните институции ги презентираа анализите за состојбата со пожарите и подготвеноста за справување со нив.

На состанокот беа разгледани податоци од минатогодишната состојба, оперативните планови за заштита и спасување, како и состојбата со човечките ресурси и материјално-техничката опременост на службите задолжени за заштита од пожари.

Градоначалникот Иван Гоцевски, кој претседава со Штабот, истакна дека ова тело има клучна улога во превенцијата, особено во периоди кога ризикот од шумски пожари е зголемен.

Реклама

– Анализите од претходните години ја потврдуваат сериозноста на пожарите на отворено, што наметнува потреба од континуирана будност и преземање превентивни мерки. Потребна е засилена координација меѓу институциите, зголемена подготвеност на противпожарните служби и навремена реакција со цел заштита на граѓаните, имотот и природата, изјави Гоцевски.

Тој додаде дека преку заедничка работа со Територијалната противпожарна единица, јавните претпријатија и другите служби се создава систем за навремена реакција, при што упати апел до граѓаните за поголема внимателност и одговорност.

На состанокот беше нагласено дека ефикасен систем за рано предупредување и превенција е клучен за намалување на последиците од пожарите, особено во ридско-планинските предели каде тие брзо се шират. Раното откривање и информирање овозможуваат побрза мобилизација и подобра координација на ресурсите.

Според податоците на ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Голак“ Делчево, во периодот од 2004 до 2025 година се евидентирани 109 шумски пожари, при што се опожарени 4.132,77 хектари шумска површина и уништени 316.257 кубни метри дрвна маса, со проценета директна материјална штета од над 2,6 милијарди денари.

Дополнително, анализата на Центарот за управување со кризи – Делчево покажува дека во периодот од 2012 до 2025 година се регистрирани вкупно 384 пожари на отворен простор, кои најчесто започнуваат во февруари и траат до октомври.

Заклучоците од состанокот ќе бидат дополнително објавени на општинската веб страница.