Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Ралповски за Алфа: Покачување на минималецот ќе значи дополнителен хаос и уште поголемо незадоволство кај работниците

Незадоволството кај администрацијата расте, но дополнително хаос и револт Владата ќе направи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Незадоволството кај администрацијата расте, но дополнително хаос и револт Владата ќе направи и со растот на минималната плата кој е планиран за во март в година. Синдилакците предупредуваат дека со ова ќе се зголеми јазот меѓу минималецот и останатите плати. Па така ќе се доведеме во ситуација оние со високо образование да имаат исти, па во некои случаи и пониски плати од оние кои завршиле само сновно или средно образование и се на пониска позиција.

Растот на минималната плата од март в година ќе направи хаос во останатите плати, оти со најавеното покачување на 22.500 денари нема веднаш да се зголемат и другите плати, алармираат од Конфедерацијата на слободни синдикати. Според Благоја Ралповски, мора да се почитува Колективниот договор и предупредува власта да покаже сериозност. Синдикатите од секогаш биле за процентуално, а не за линерно зголемување на платите.

  • Секогаш сме за процентуално, а не за линерано зголемување на платите. Минималнта плата ќе дојде над референтите и службениците кои ќе бидат омаловажени и на исто ниво со хигиеничарите, вели меѓу другото за Алфа претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски.

Ралповски вели дека министерството за труд и социјала мора да го почитува Законот, и да ги усогласи платите согласно член 8, каде пишува дека треба да има усогласување. Капак на се е инфлација, која на големо им ги јаде платите на работниците. И поркај ова зголемување – минималецот ќе вреди помалку од лани.

Реклама

Претходно, за повисоки плати на работниците, треба да се скратат пензиите и студентските оброци, рече вицепремиерот Фатми Битиќи. Тоа според синдикатите е лош потег, и не смее да биде така.

  • Апел до пратениците – да обезбедат средства за усогласување на платите во сите сектори, во спротивно, ако во март пак не извисат, министерката со цела Влада, ќе се соочат со огромни протести, вели меѓу другото за Алфа претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати реагираат дека со новиот предлог буџет, очигледно е дека владата нема намера да ги испочитува законите кои самата ги предлага до Собрание. Ако нема слух, тие предупредуваат дека вработените во клучните сектори во државата ќе се обединат и ќе го парализираат целиот систем.

Борис Грујоски