Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Свет

Ракетен напад од Либан врз Израел, ИДФ ја ополија Газа

Ракетен оган од Либан го погоди Израел, предизвикувајќи голема штета во северниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ракетен оган од Либан го погоди Израел, предизвикувајќи голема штета во северниот град Кирјат Шмона. Иранските медиуми пишуваат дека станува збор за ракети на Хезболах, но одговорноста ја презеде Хамас, велејќи дека истрелал 12 ракети. Израелските одбранбени сили возвратиле со жестоки напади.

„Борбените авиони на Израел погодија серија цели на Хезболах во Либан, вклучително воени пунктови, терористички инфраструктури, штабови, и складишта за оружје. Тие излегуваат од тунелите, нѐ напаѓаат и се враќаат. Серијата напади вечерва беа одговор на ракетниот оган претходно од либанската граница на северот со Израел“, изјави Даниел Хагари, портпаролот на ИДФ. Тој меѓудругото, рече дека во синоќешните борби загинале уште четворица израелски војници, вкупно 23 од почетокот на копнената офанзива, со која, наводно, веќе целосно го опколија градот Газа.  

Додека конфликтот влегува во својата четврта недела и досега однесе повеќе од 10.000 животи на двете страни, државниот секретар на САД, Ентони Блинкен по пристигна во Израел на средба со Нетанјаху. Блинкен во втората посета изрази загриженост за страдањата на Палестинците и бара конкретни чекори за намалување на цивилните жртви во Газа.

Реклама

Палестинскиот народ „се наоѓа во голем ризик од геноцид“, велат специјалните известувачи на ОН. „Времето за акција е сега. Остануваме убедени дека палестинскиот народ е изложен на голем ризик од геноцид“, се вели во соопштението на групата експерти, составена од седум специјални известувачи на ОН. „Бараме хуманитарен прекин на огнот за да се осигуриме дека помошта ќе стигне до оние на кои им е најпотребна“.

Утрово илјадници палестински работници беа депортирани од Израел. Ова откако владата на Нетанјаху соопшти дека ги укинуваат работните дозволи на Палестинците и ги прекинуваат сите контакти со енклавата. Палестинската Црвена полумесечина објави дека 102 камиони со хуманитарна помош денеска влегле во Газа преку египетскиот премин Рафах, првпат, поголем број камиони наеднаш влегоа во енклавата по отворањето на преминот на 21-ви октомври.