Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Работилница на ФИНКИ „Дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик“

Работилница „Дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик“ денеска ќе се одржи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работилница „Дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик“ денеска ќе се одржи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) по повод Денот на македонскиот јазик. 

-Работилницата ќе ни овозможи заеднички да ги истражиме постојните дигитални ресурси и алатки за македонскиот јазик, да ги препознаеме празнините и да поразговараме за можностите за нивно пополнување. Особено ни е важно да ги зближиме оние кои создаваат јазични содржини со оние кои ги користат – зашто само во таа размена може да се роди вистинска промена, соопшти организаторот. 

Настанот ќе се одржи во малиот  амфитеатар на ФИНКИ, со поздравно обраќање на деканот на Факултетот, Петре Ламески, и координаторката на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик, проф. д-р Симона Груевска-Маџоска, со излагање „Македонскиот јазик и новите технологии“.

Реклама

Проф. д-р Димитар Трајанов, раководител на „Везилка“, ќе се осврне на инфраструктурата за развој на големи јазични модели за македонскиот јазик, а доц. д-р Николче Мицкоски, член на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик, ќе говори за јазичните ресурси за корпус на македонскиот јазик.