Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Пуштена во употреба новата трафостаница „Централна“ во Скопје по повод 20-годишнината на ЕВН

По повод одбележувањето 20 години постоење на ЕВН, посветено работење и инвестиции…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод одбележувањето 20 години постоење на ЕВН, посветено работење и инвестиции во енергетската инфраструктура, денеска во Скопје беше пуштена во функција новата трафостаница „Централна“. Инфраструктурниот објект, во чија изградба се инвестирани 11 милиони евра, претставува стратешка инвестиција за стабилно електроснабдување на централното градско подрачје и решавање на растечките енергетски потреби.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во своето обраќање нагласи дека овој објект е клучна алка во енергетскиот систем на главниот град.

– Со голема гордост ја отвораме трафостаницата „Централна“. Проект кој не е само инфраструктурен објект, туку претставува клучна алка во стабилното електроснабдување на централното градско подрачје и стратешка инвестиција во сигурноста и стабилноста на енергетскиот систем на градот Скопје. Со својата инсталирана моќност од 120 мегавати, оваа трафостаница е поставена токму таму каде што најмногу беше потребна – во зона со интензивен урбан развој, нови потрошувачи и мрежа која веќе го достигнуваше својот максимум – истакна Божиновска.

Реклама

Постојните трафостаници во овој дел од градот таа посочи дека се изградени пред повеќе од четири децении и одамна го надминуваат капацитетот за кој биле проектирани. Со пуштањето во употреба на овој објект Божиновска рече се надминува тесното грло во системот и се поставува нова референтна точка за квалитет, во чија реализација биле вклучени над 30 компании.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски посочи дека реализацијата на ваков комплексен проект во центарот на градот претставува вистинско архитектонско достигнување, кое наложувало огромна координација помеѓу Владата и компанијата.

– Изведувањето на овој проект во срцето на градот, би рекол, е на раб на уметност имајќи предвид дека ова што се гледа и што можеме сите да го увидиме е само дел, а главното е она што не се гледа – подземната инфраструктура, што навистина беше заедничка работа на Владата и на ЕВН сето ова да изгледа како што изгледа. Во срцето на градот, сместено помеѓу дипломатски претставништва, помеѓу значајни објекти, да се изведе овој објект е навистина архитектонско достигнување и би сакал да им честитам на сите што беа вклучени и да им се заблагодарам на сите што помагаа – рече Николоски.

Потенцира дека владината политика е насочена кон поддршка на енергетската транзиција посочувајќи дека државата е позиционирана како лидер во регионот преку иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски за интегриран и обединет регионален пристап.

Австрискиот амбасадор во земјата, Мартин Памер, изрази задоволство од досегашната соработка апострофирајќи ја улогата на ЕВН како најзначајна австриска инвестиција, која придонесува кон евроинтеграцискиот процес на македонската економија.

– Отворањето на оваа трафостаница „Централна“ е знак за успех, знак за добра соработка во Северна Македонија. Дозволете најнапред да ѝ честитам на „ЕВН Македонија“ за 20 години успешно присуство во Македонија и за одличната соработка со македонските институции, особено со министерката за енергетика Сања Божиновска и премиерот, господин Христијан Мицкоски. Енергетиката е една од областите со висок потенцијал за Македонија, а ЕВН е двигател на модернизацијата во овој сектор обезбедувајќи сигурна енергија за граѓаните – истакна Памер.

Амбасадорот најави дека австрискиот бизнис е подготвен дополнително да придонесе во државата и информира дека кон средината на април премиерот Мицкоски ќе престојува во Виена, што, според него, ќе претставува уште еден чекор кон интензивирање на билатералната соработка на сите нивоа.