Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Пуч ѝ се спрема на Зајкова, таа тврди – Здружените напади и закани нема да ме исплашат

Пуч ѝ се спрема на претседателката на ЛДП Моника Зајкова од незадоволни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пуч ѝ се спрема на претседателката на ЛДП Моника Зајкова од незадоволни членови коишто најавија формирање на иницијативен одбор за вондреден конгрес на партијата. Тие бараат промена на раководството бидејќи според нив во последно време врвот на партијата води пазарциска политика. Бобан Бојковски од општинската организација од Куманово вели дека раководството ги повредило основните демократски постулати на работа.

Зајкова веднаш свика прес-конфернција, го собра членството на пратијата позади себе и им одоговори. Незадоволните членови од ЛДП, да не бидат бучни бадијала, а да немаат конкретни предлози за партиски интерес. Обвинувањата на Бобан Бојковски според неа се поради личен, а не колективен интерес на партијата“, рече Бобан Бојковски, од Општинска организација на ЛДП Куманово.

„Додека Моника Зајкова е претседател, а ќе биде уште најмалку 2 години, ЛДП ќе остане доследна на своите програмски принципи по кои е препознатлива и ценета. Како што не дозволив никој да ми врши влијание да дадам поддршка на измените на Кривичниот законик, на специјалнот закон без да го знам договорот за Бехтел и Енка, како што не дозволив ни да ми го сменат ставот за Законот за игри на среќа, така нема да дозволам и сега закани и уцени нити за Законот со кои се намалуваат банкарските провизии. Нема да престанам под никакви закани да се борам европската пракса да биде применета и во Македонија, односто енормните трошоци да останат таму каде припаѓаат – во џебот на граѓаните“, изјави претседателката Зајкова.

Реклама

Во меѓувреме, Зајкова со општинските организации на ЛДП подготвува конкретна стратегија за подобри резултати на претстојните локални избори. Таа упати апел за смирување на страстите на членството и обединување во партиските редови. Според неа на поголемите партии им прешло во навика да ги копираат добрите предлози и решенија на ЛДП, па заради членовите треба да бидат тивки и внимателни.

Таа не ја исклучува можноста за идно коалицирање со некои од поголемите партии, сепак како што рече, за тоа ќе одлучувало раководството.