Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Економија

Првпат жена со највисоки приходи во 2018-та, заработила над 17 милиони евра

Првпат жена е на врвот на листата на луѓе со најголеми заработки.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првпат жена е на врвот на листата на луѓе со најголеми заработки. Во 2018-та, Скопјанка имала највисок годишен бруто приход од над 17 милиони евра.

Во здравството се чини лежат најголемите заработки. Највисоката бруто плата била исплатена во овој сектор и тоа во висина од скоро 3 милиони евра или 249 илјади евра месечно – објави УЈП. Меѓу најисплатливите дејности се и ИТ секторот, аптеките, трговијата со тутунски производи, изградбата на станови.

Најбогатиот пензионер земал 93.300 евра годишно пензија од странство.

Реклама

Скопјанец, пак, самостоен вршител на дејност, заработил најмногу по овој основ или 748 илјади евра. Во топ 10-те рангирани се вбројуваат адвокати, нотари, извршители и угостители.

2018-та очигледно била година на капиталот. Директорката на УЈП Сања Лукаревска објаснува дека тогаш била остварена најголемата капитална добивка во последните 10 години.

Тетовец имал најголеми приходи од имот и имотни права односно 1,4 милиони евра, додека од авторски права најмногу заработил Скопјанец 368 илјади евра годишно.

Меѓу оние кои често играат лото, одат во казино, се обложуваат или учествуваат во наградни игри, најсреќен во 2018-та бил Скопјанец кој освоил речиси 872 илјади евра.

Дека годините се само бројка, покажува и податокот дека највозрасниот граѓанин кои имал приход над 16 илјади евра во 2018-та имал 99 години, но во меѓувреме починал, додека во групата над 160 илјади евра, најстарото лице има 93 години.

Најмладиот што има над 160 илјади евра има 21 година, додека бебе кое сега има две години заработило од дивиденда над 16 илјади евра.

И додека голем дел од работниците мака мачат како да го поминат месецот, над 33 илјади граѓани имале бруто приходи поголеми од 16 илјади евра годишно.

Тања Попова