Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Првиот заменик на претседателот на Владата, Беким Сали, оствари средба со претставникот на ЕИБ, Бјорн Габриел

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со претставникот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) за нашата земја, Бјорн Габриел.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на министерот за европски прашања, на средбата се разговарало за продлабочување на соработката меѓу Владата и ЕИБ, како и за забрзување на реализацијата на проекти поддржани од Европската Унија.

– Посебен акцент беше ставен на проектите во областа на инфраструктурата, енергетиката, животната средина и поддршката за малите и средните претпријатија – се посочува во соопштението. 

Реклама

Заменик-претседателот на Владата, Сали, ја истакнал важноста на ЕИБ како клучен партнер во унапредувањето на економскиот развој и поддршката на реформската и интегративна агенда на земјата кон Европската Унија.

Претставникот на ЕИБ, Габриел, ја потврдил подготвеноста на Банката да продолжи со поддршката и да го прошири партнерството преку стратешки проекти, кои придонесуваат за одржлив развој на земјата.