Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

„Првиот Македонец во вселената“ на 30 и 31 мај во Скопје

Независниот театар „Штрих“ ја најави премиерата на својата петта продукција – претставата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Независниот театар „Штрих“ ја најави премиерата на својата петта продукција – претставата „Првиот Македонец во вселената“, авторски проект на Борис Василески. Претставата ќе има премиера на 30 и 31 мај во „Јавна соба“ (Public room) во Скопје, со почеток во 20 часот.

– „Првиот Македонец во вселената“ не е претстава за вселената. Таа е најдалечната точка до која може да се однесе едно многу земно чувство – чувството дека човекот и земјата можат да исчезнат, не затоа што се уништени, туку затоа што престанале да веруваат дека имаат право на иднина. Претставата ги поставува прашањата за амбицијата, невидливоста, осаменоста и потребата да се погледне нагоре – дури и тогаш кога сите околу нас нè убедуваат дека тоа е смешно. Епопеја за остварувањето на соништата со кои сме се простиле, за заспаните амбиции на малите народи и за последиците од нивното исполнување – пишува во соопштението.

Според авторот и режисер Василески, претставата почнала од „едно наивно, речиси детско прашање“.

Реклама

– Што би се случило ако еден Македонец навистина поверува дека може да стигне до вселената? Не како шега. Не како метафора. Не како национална фантазија за големина. Туку како потреба – човек да излезе од просторот во кој постојано му се кажува дека е мал, задоцнет и невозможен – се наведува во неговата пишана изјава.

Драматургот Марио Стојаноски велиа дека факт е оти театарот низ историјата обработил безброј теми на безброј начини.

– Сега се поставува прашањето како да се прикаже една национална тема во жанрот на научната фантастика, нешто што е толку приземно и присутно, а истовремено онострано и непостојно. Како да се соберат вековните надежи, да се положат во еден човек и да се однесат на шестотини милиони километри од Земјата, од хаос директно во космос? Одговорот е – со тестирање на физичките граници на театарот, но, пред сè, со свесност за тоа кои сме и каде сме сега, па кои и каде сакаме да бидеме во иднина. Кога ќе се спојат сите овие нешта, „Првиот Македонец во вселената“ е епопеја за остварувањето на соништата со кои сме се простиле, за заспаните амбиции на малите народи и за последиците од нивното исполнување – се додава во соопштението.

Уметничкиот тим го сочинуваат авторот и режисер Василески, продуцентот Андреа Маркоска, драматургот Стојаноски, музиката и дизајнот на звук се на Ади Имери, сценографија на Ненад Тонкин, костимографијата на Марта Дојчиновска, видеоанимацијата на Артериа Емил Петро, графичкиот дизајн на Даница Јанковиќ.

Актерската постава ја сочинуваат Марјан Наумов, Томислав Давидовски, Ава Хусеини, Јанка Лефкова, Ана Грамосли и Вера Тошева.

Проектот е кофинансиран од Европската Унија во рамки на Програмата за финансиска поддршка на граѓанското општество и медиумите на Западен Балкан IPA III, преку проектот „Област на помирување“ (District of reconciliation), координиран од Фондацијата Нови Сад – Европска престолнина на културата.