Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

Први во регионот ќе ги исполниме задачите за ЕУ-роаминг, најави Андоновски

Македонија ќе биде првата земја во регионот што ќе ги исполни обврските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ќе биде првата земја во регионот што ќе ги исполни обврските за укинување на дополнителните трошоци за роаминг во ЕУ – најави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. 

Во гостување во емисијата на една од телевизиите тој објасни дека граѓаните нема да плаќаат дополнително за повици, пораки и интернет додека патуваат во земјите од Европската Унија.

– За роамингот ветив – ќе бидеме прва држава што ќе ги исполни задачите. Тоа значи нема да плаќате дополнително кога сте во ЕУ. Балканскиот модел на роаминг сакаме да го пресликаме и за ЕУ. Ние ја завршивме својата работа, го испративме текстот до ЕУ за мислење и ќе го изгласаме во Собранието – изјави Андоновски.

Реклама

Министерот додаде дека пред две недели добиле нови прашања од Европската Унија, но дека планот останува непроменет и земјата е подготвена да ја финализира законската регулатива за укинување на роаминг-трошоците.

Во контекст на ЕУ-интеграцијата, пак, Андоновски истакна дека државата не се откажува од европскиот пат, но нагласи дека секој следен чекор мора да биде проследен со јасни гаранции.

Посочи дека земјата активно работи на реформите и ги исполнува обврските што ѝ се поставени.

– Не би можел да кажам дека се откажуваме од ЕУ, колкав напредок имаме направено дома во врска со реформите, можам да кажам дека ги исполнуваме задачите што ни се дадени како државата. Нашиот став е принципиелен и се држиме дека каква било промена и чекор од македонска страна ќе мора да биде со гаранција. Немаме почнато преговори, не отвораме кластери, а од нас цело време се бараат некои отстапки на штета на македонските национални интереси – изјави Андоновски.