Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Прв Дијалог за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Македонија

Денеска, во рамки на официјалната посета на високата претставничка на ЕУ за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска, во рамки на официјалната посета на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се одржа Првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Македонија, во рамките на Партнерството за безбедност и одбрана потпишано во ноември 2024 година.

Состанокот официјално го отворија министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, а обраќање имаше и министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Во своето обраќање, министерот Муцунски ја истакна силната одлучност и посветеност на државата да биде доверлив партнер на ЕУ и НАТО во справувањето со безбедносните предизвици во сложеното геополитичко опкружување.

Реклама

-Како држава, остануваме целосно усогласени со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Нашата 100-процентна усогласеност не е само техничка обврска, туку и јасен одраз на нашата стратешка ориентација и споделени вредности. Ги поддржуваме сите постојни напори за постигнување праведен и траен мир во Европа, останувајќи доследни во споделувањето на заедничкиот товар преку продолжување на севкупната поддршка за Украина, вклучително и во воениот и одбранбениот аспект, истакна министерот Муцунски.

Преку отворен и конструктивен дијалог, двете страни разменија мислења за регионалните безбедносни прашања и војната во Украина. Беше нагласена важноста на регионалната стабилност и улогата на Македонија, како НАТО членка и ЕУ-кандидат, во јакнењето на европската безбедносна архитектура.

На средбата беше направен пресек на активностите поврзани со учеството на државата во мисиите и операциите во рамки на Заедничката безбедносна и одбранбена политика, како и на тековните активности за справување со сајбер и хибридни закани, стратешка комуникација, борба против дезинформации и странски влијанија, како и учеството на жените во овие процеси.

Дополнително, македонската страна изрази силен интерес за продлабочување на соработката со ЕУ во одбранбените иницијативи, вклучително и преку Европската агенција за одбрана (EDA), Постојаната структурална соработка (PESCO), воената мобилност и претстојната Бела книга за европска одбрана. Како земја членка на НАТО, државата е јасно позиционирана за зајакнување на соработката меѓу ЕУ и НАТО во актуелното безбедносно опкружување.

На отворањето на првиот дијалог во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана МК – ЕУ, министерот за одбрана Владо Мисајловски ја истакна посветеноста на Европската Унија која ја препозна нашата искрена заложба и посветеност во однос на зачувување на стабилноста, мирот и безбедноста на регионот и пошироко. Тој упати благодарност за поддршката од страна на Унијата наменета за македонската Армија.

-Во моментов имаме најголем буџет за одбрана, над 30 проценти се наменети за модернизација на Армијата, и оваа опрема дополнително ќе влијае на развојот на способностите и капацитетите на одбранбените капацитети, рече Мисајловски.

Овој прв Дијалог за безбедност и одбрана меѓу Македонија и Европската Унија означи почеток на редовни политички и експертски консултации, со што ќе се овозможи следење на спроведувањето на Партнерството и отворање нови можности за соработка во интерес на мирот, стабилноста и безбедноста на граѓаните.