Српскиот актер, режисер, продуцент и писател Лазар Ристовски во Москва ја доби медалата „Михаил Чехов“, признание за животно дело во театарот и филмот.
Наградата му беше врачена на јубилејното, 20-то издание на филмскиот фестивал „Руско зарубежје“. Признанието го носи името на познатиот педагог, ученик на Станиславски и внук на големиот писател Антон Павлович Чехов.
Пред Ристовски, оваа медала ја добиле Никита Михалков, Хелен Мирен, Марина Влади и Питер Устинов.
Ристовски веднаш по доделувањето се огласи на Инстаграм. Тој порача дека вечерта била исклучително емотивна и дека членовите на жирито поединечно зборувале за неговата работа. Посебна благодарност упати до директорот на фестивалот, Сергеј Зајцев, како и до публиката која во Москва го пречекала како свој.
Објавата може да ја погледнете на следниот линк:
Пораката ја заврши со зборовите: „Русија ги цени уметниците“.
Прва му честиташе сопругата Аница Лазиќ. Сопружниците во моментов ја снимаат новата серија „Фалсификатори“.

