Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Протестите се шират низ повеќе американски градови, маринците се подготвуваат да влезат во Лос Анџелес

Американските маринци ќе ѝ се придружат на Националната гарда на улиците на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американските маринци ќе ѝ се придружат на Националната гарда на улиците на Лос Анџелес во следните два дена и ќе имаат овластување да ги апсат оние кои се судираат со федерални агенти или ги попречуваат рациите на имигранти. Доналд Трамп нареди распоредување на 700 маринци и 4.000 гардисти во Лос Анџелес за да се смират протестите против рациите, и покрај негодувањата и обвинувањата на гувернерот Гевин Њусом.

Протести во Лос Анџелес се одржуваат веќе шест дена и ноќеска главно биле мирни, со повремени насилства кои се ограничени на неколку улици во центарот на градот. Во меѓувреме, протестите се проширија и во други поголеми градови во САД, вклучувајќи ги Њујорк, Атланта и Чикаго.

„Ако не реагирав брзо на протестите, Лос Анџелес досега ќе изгореше до темел“, кажа Трамп.
Локалните власти сметаат дека Трамп непотребно ги разгорува тензиите со распоредувањето на федерални трупи.

Реклама

Протестите не се ограничени само на Лос Анџелес. Демонстрации против имиграциските рации и политиката на Трамп се проширија и во други големи градови низ САД, вклучувајќи ги Њујорк, Чикаго, Сиетл, Спокен и Лас Вегас.

Во Спокен беше воведен и полициски час по протестите. Во повеќе градови се пријавени апсења на демонстранти.

За сабота се најавени масовни протести низ целата земја под слоганот „Ден без кралеви“, на кои организаторите очекуваат милиони учесници во над 1.500 градови, како израз на отпор кон, како што велат, прекумерната извршна власт и политиките на администрацијата.

Овие протести се насочени и против пошироки аспекти на политиките на Трамп, вклучувајќи го и таканаречениот „проект 2025“, конзервативен план за реформа на извршната власт.