Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Протести и блокади кои им одговараат на СДСМ – Тредафилов во улога на главен опозиционер во државата

Протестите и блокадите кои ги организира ССМ под раководната палка на Слободан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Протестите и блокадите кои ги организира ССМ под раководната палка на Слободан Трендафилов се како порачани за опозициската СДСМ. Синдикалниот лидер со своето однесување и дирекниот спор со премиерот го става во улога на главен опозиционер во државата. Многумина се сомневаат дека зад барањето за покачување на минималната плата на 600 евра стојат политички мотиви, а не сидикална борба за повеќе права.

Барањата за зголемување на минималната плата, според поранешниот претседател на ССМ се секогаш оправдани , но треба да се одбере правилниот начин и формула како тоа да се изведе. Според Митревски, ова што го прави Трендафилов, и неколку луѓе околу него, за кои екс претседателот на ССМ смета дека се политички заложници, е алармантно.

„Станува збор за многу сериозни моменти, кога се прават напори да се консолидира економската и финансиската состојба. Ова е очигледен обид за создавање сценарио слично на Србија, со цел да се предизвикаат определени турбуленции кои може да имаат катастрофални последици за дражвата. Мојот апел е синдикатите да се обединат, да изградат заедничка стратегија и преку колективно преговарање да разговараат за зголемување на сите плати, не само на минималната.“ – вели за Алфа , Живко Митревски:поренешен претседателна Сојуз на Синдикати на Македонија.

Реклама

Опозициската СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче по двата порази , на парламентарните и локалните избори – се жедни за улични протести како единствен излез од кризата во која се наоѓа нивната партија. Се чини дека социјал-демократите се надеваат дека преку канализирање на било каков револт на улиците, ќе им се подобри рејтингот на партијата.

„Да барате зголемување на плати од страна на политичката моќ и политичката волја е навистина уникатно и покажува дека зад оваа наводно синдикална сцена станува збор за политички заговор. Трендифилов е во сериозно политичко заложништво и поради утврдените неправилности прави напори и добива трето решение кое е нелегитимно.“ – вели за Алфа , Живко Митревски:поренешен претседателна Сојуз на Синдикати на Македонија.

Инаку Митревски е поранешен претседател на ССМ. Тој обвинува дека изборот на Слободан Трендафилов за претседател на Сојузот на синдикатите бил нелегитимен и спроведен спротивно на Статутот и законските процедури, а неговата смена од функцијата – незаконска. Тој тврди дека актуелното раководство на ССМ функционира без валиден легитимитет, поради што дел од донесените одлуки, договори и преговори, според него, се спорни.