Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Политиката на проширување на ЕУ ќе претрпи сериозен удар, откако граѓаните на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политиката на проширување на ЕУ ќе претрпи сериозен удар, откако граѓаните на Исланд се изјаснија против обновување на преговорите за членство на земјата. На  одржаниот референдум, околу 52,5 отсто од гласачите гласаа против, а додека позитивно на референдумот се изјаснија 47,5 отсто.

Инаку, референдумот го иницираше владата на премиерката Криструн Фростадотир, а прашањето пред гласачите беше дали Исланд треба повторно да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Важно е дека гласањето не беше директен референдум за членство во Унијата. Дури и доколку победеше опцијата „да“, евентуалниот договор за пристапување требаше повторно да биде ставен пред граѓаните.

„Сигурно е удар врз политиката на проширувањето, бидејќи ЕК и ЕУ се надеваа на лесна победа на Исланд со која ќе се внесеше нова енергијаа и ќе покажеше дека процесот на проширувањето е и те како жив, со земји-членки со кои немаат потреба дополнително да преговараат. Одбивањето на Исланд да ги продолжи преговорите, тоа не е првпат, секако ќе го наруши кредибилитетот и ќе и направи на Унијата потешко да аргументира дека е посакувана дестинација за поголемиот дел од земјите“, смета политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Реклама

Кампањата воп пресрет на исландскиот референдум беше силно поделена околу економијата, безбедноста и контролата врз природните ресурси, а во политичката дебата преовладуваше и прашањето на сувереноста на Исланд, како и опасноста од намалување на квотите за риболов, што би можело негативно да влијае врз стандардот на граѓаните, бидејќи најголемиот дел до Исланѓаните се риболовци.

„Ако се погледнат темите врз кои се темелеше одбивањето на продожувањето на преговорите со ЕУ на Исланд, тука се клучни неколу теми: каматни стапки, заштита на рибарските подрачја и суверенитетот на Исланд. Мислам дека Македонија е во една различна ситуација и кај нас се посистемски причините поради кои сакаме да се зачлениме во ЕУ и нашата позиција е поразлична. Сепак, Исланд е дел на Европската економска заедница само не е формален член на Унијата“, додава Арсовски.

Исланд првпат аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година, веднаш по финансиската криза која остави тешки последици врз финансискиот сектор на државата. Преговорите беа ставени во мирување во 2013 година по смената на власта, но апликацијата никогаш формално не беше повлечена.