Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Протест на вработени под капата на „Паркови и зеленило“

Продолжува хаосот со претпријатијата на Град Скопје и менаџирањето на Арсовска –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува хаосот со претпријатијата на Град Скопје и менаџирањето на Арсовска – овојпат на грбот на вработените во „Флораком“ и „Луна“, фирми ќерки на „Паркови и зеленило“. 62 вработените се револтирани што работат без плата и придонеси.. Денеска чашата се прели – па работниците ја блокираа раскрсницата на булеварот „Илинденска“ и влезот во претпријатието.

„И повторно наидуваме на еден ингорнатнски однос и покрај тоа што од страна на советот на град скопје пред 10 дена беа излгасани субвенции во висина од 80 милиони денари,. Очекуваме дека со тие пари ќе бидат исплатени овие две плати, о за жал вработените останаа без плата. Недомаќинското работање на директоот доведе да бидеме на улица“, изјави Стојанче Кашиковски – Претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ).

Кашиковски објасни дека градот има префрлено пари, но платите и надоместоците заглавуваат некаде помеѓу канцелариите на „Паркови и зеленило“ и градската каса. Алфа го побара директорот на Паркови и зеленило, Јетон Бучи, но, тој не беше достапен за одговор. Молк и од град Скопје.

Реклама

„Од страна на раководоството кога го одржавме минатиот протест поради истиот проблем беше ветено дека платата ќе се иплаќа во истиот термин кога ќе земат плата и паркови и зеленило, за жал сведоци сте дека тоа не се случи вработенитеи се оставени без плата и здравствено осигурување “, изјави Стојанче Кашиковски – Претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ).

Ако до понеделник нема исплата на платите вработните од „Флораком“ и „Луна“, најавија нови протести и блокирање на Илинденска од 10 до 13 часот.