Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Протест на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик

Со почеток во 12:30 часот денеска во Скопје ќе се одржи протестен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со почеток во 12:30 часот денеска во Скопје ќе се одржи протестен марш како израз на незадоволство поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит, најави Министерството за внатрешни работи.

Оттаму велат дека протестот ќе започне од плоштадот „Карпошово востание“, преку Камениот мост, a ќе заврши пред Министерство за правда. По оваа траса ќе има посебен режим на сообраќај.

-Утре (06.04.2026), со почеток во 12:30 часот од страна на група граѓани ќе се организира протестен марш како израз на незадоволство поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит со траса на движење од пред плоштад „Карпошово востание“ ул.„11-ти Март“ преку Камени мост, продолжува по ул.„Никола Вапцаров“ и завршува на ул.„Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. СВР Скопје-Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, соопшти МВР.

Реклама

Министерството апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера ги повика учесниците во протестот „да не дозволат да бидат алатка во рацете на политичка партија, која сè уште живее во спомените, односно во минатиот век“. 

На кандидатите што треба да го полагаат испитот тој им порача дека ќе биде најдено соодветно решение и за ова прашање.

– За жал, овој протест е силно поддржан од една опозициска политичка партија, која повеќе од 20 години не успеа да го реши ова прашање и сега е лицемерно на овој начин да комуницира со јавноста – рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања вчера на прес-конференција посветена на новите мерки за намалување на цените на горивата. 

Посочи дека претходната влада го донесе Законот за јазиците, кој, рече, е „предизвикан пред Уставниот суд и е предизвикан токму оној дел што се однесува на правосудството“.

Pas paralajmërimit për marsh protestues nesër para Ministrisë së Drejtësisë me të cilin siç u paralajmërua, pjesëmarrësit do të shprehin pakënaqësi për moszbatimin e Ligjit për përdorimin e g

– Знаете дека за тој закон имаме негативно мислење од Венециската комисија, која вели дека треба да се напушти двојазичноста во правосудството бидејќи има предизвици што најчесто се поврзани со владеењето на правото. Имајќи го сето ова предвид, ние како Влада формиравме група од уставни експерти, кои работат на решение кое ќе биде и уставно, но исто така и во согласност со меѓународните стандарди. Така што, јас ги уверувам студентите дека онака како што се најдоа решенија за многу предизвици и за многу пропусти од минатото, така и за ова ќе се изнајде соодветно решение. Јас мислам дека тие тоа веќе го знаат и мојот апел е да не дозволат да бидат алатка во рацете на политичка партија, која сè уште живее во спомените, односно во минатиот век – рече Мицкоски. 

Во пресрет на најавениот протест градоначалникот на Чаир Изет Меџити повика на поголема свесност кај политичките и општествените актери, оценувајќи дека станува збор за прашање кое бара системски пристап.

Според него, во мултиетнички држави како Македонија, политичките елити имаат обврска континуирано да градат правни и институционални политики кои го одразуваат мултиетничкиот карактер и различноста на општеството.

-Јазичната политика во Македонија, за жал, е уредена со половичен закон. Половични закони даваат половични решенија – посочува Меџити.

Тој нагласува дека протестот не треба да се гледа како политизација, туку како повик за подобри законски решенија и долгорочни институционални политики.

-Протестот е повик за освестување за сите политички и општествени актери кои треба да придонесат за подобри решенија. Студентските протести секогаш се аларм за појави во општеството кои политичките структури имаат обврска да ги третираат целосно – наведува Меџити.