Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Прославата дома е најевтина, за тие со подлабок џеб Виена и Дубаи

Белград, Истанбул, Милано, Виена, Атина. Ова се дел од најатрактивните дестинации што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Белград, Истанбул, Милано, Виена, Атина. Ова се дел од најатрактивните дестинации што граѓаните ги избраа за дочекот на Новата Година. Додека странски туристи доаѓаат во Македонија да ја дочекаат 2025-та на брегот на Охридското езеро, повеќето од македонските граѓани ги избраа европските метрополи за новогодишниот дочек.

„Најчесто патуваат на најблиските дестинации, односно Будва, Атина и соседна Србија, но тука не изостануваат и подалечните Виена, Прага, Будимпешта како и актуелната Романија, односно Букурешт и Темишвар кои се доста актуелни дестинации изминативе години со многу пристапни цени“ вели Теодора Топалоска, туристички работник

Во пониските понуди вклучени се од 2 до 3 ноќевања во апартмани, водич и превоз, и изнесуваат од 50 до 100 евра. Повисоките понуди кои чинат над 250 евра, вклучуваат од 3 до 5 ноќевања во хотел или хостел, автобуски превоз, појадок и водич.

Реклама

„Па зависи од нивните барања, нели, секој има различни можности – Оние кои што сакаат да патуваат, а немаат толку големи можности ги одбираат оние поевтините од 99 до 129 евра. Додека пак другите, кои што можат да си приуштат патување кое што е поскапо уплаќаат аранжмани од 200-250 до 300 евра“ вели Теодора Топалоска, туристички работник

Дел од граѓаните најлудата новогодишна ноќ ќе ја поминат во домашна атмосфера со блиските и пријателите. Според пресметките, за двајца да ја дочекаат Новата Година надвор од земјава од својот буџет ќе треба да издвојат околу 1000 евра, но тоа најмногу зависи од дестинацијата. Од туристичките агенции велат дека имаат побарување и за по ексклузивни аранжмани надвор од стариот континент.

Давид Крстевски