Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Проштална средба на собранискиот претседател Гаши со нерезидентен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија со седиштето во Тирана

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари проштална средба со Фаисал Гази…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари проштална средба со Фаисал Гази Исмаил Хифзи, нерезидентен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија со седиштето во Тирана, соопштија попладнево од собраниската прес-служба.

– Претседателот Гаши му оддаде признание на амбасадорот за неговиот личен ангажман и дипломатски вештини со што значително придонел за зајакнување на мостовите меѓу двете пријателски земји. Тој истакна дека во иднина очекува да продолжи процесот на отворање резидентни амбасади во Скопје и Ријад, што ќе претставува историски чекор напред за меѓусебните билатерални односи, пишува во соопштението.

Гаши ја поздравил клучната и конструктивна улога на Кралството Саудиска Арабија во новата и комплексна геополитичка реалност на Блискиот Исток и истакнал дека високо ја цени нивната политиката за деескалација, дијалог и изнаоѓање одржливи решенија за мирот во регионот.

Реклама

– Амбасадорот Исмаил Хифзи потенцираше дека интензивно работел на продлабочување на економските врски и поттикнување на интересот за саудиски инвестиции на македонскиот пазар како и за јакнење на односи меѓу двете држави со размена на посети на високо ниво. Двајцата соговорници се согласија дека е потребно унапредување на меѓусебната соработка во сферите на културата, образованието и туризмот што ќе значи уште поголемо запознавање и зајакнување на соработката меѓу двете држави, се додава во соопштението.