Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Проштална средба на Гаши со амбасадорката на Грција, Филипиду

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имаше проштална средба со амбасадорката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имаше проштална средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду. Тој во името на пратениците и во свое име ѝ се заблагодари на амбасадорката Филипиду за посветеноста и ангажманот за унапредување на односите меѓу нашата земја и Република Грција и за продлабочување на меѓусебното пријателство и соработка – соопштија попладнево од собраниската прес-служба.

Како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, претседателот на Собранието истакнал дека земјата останува искрено посветена на градењето добрососедски односи, засновано врз меѓусебно почитување, констуктивен дијалог и соработка во области од заеднички интерес. Тој изразил уверување дека контитуираниот политички дијалог и отворената комуникација претставуваат најдобра основа за понатамошно продлабочување на билатералните односи.

Гаши истакнал дека европската интеграција останува наш врвен стратешки приоритет и земјата е цврсто определена да продолжи со реформите и исполнување на европската агенда.

Реклама

– Амбасадорката Филипиду истакна дека Грција го поддржува процесот на проширување на Европската Унија и дека како претседавач со Советот на Европската Унија во втората половина на 2027 година ќе се залага да дава поддршка на европската перспектива на земјата како и на сите земји од Западниот Балкан – пишува во соопштението.

Гаши ѝ посакал на амбасадорката Филипиду многу здравје и успех во натамошните професионални предизвици.