Реклама
Македонија

Проширувањето на ЕУ во нова геополитичка реланост: Бугарското ВЕТО рампа по патот на македонија за ЕУ

Македонија направи многу отстапки, па дури и името го смени, а сепак…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија направи многу отстапки, па дури и името го смени, а сепак остана пред вратите на Европската унија. Државата во однос на реформските процеси има направено најголем напредок во однос на земјите од регионот, вели претседателот на собранието Африм Гаши, а уште сме далеку од почеток на преговорите за полноправно членство. Гаши, не го крие разочарувањето и потенцира дека земјата секогаш треба да има алтернатива.

„Убеден сум дека од овие земји кои останале неинтегрирани во ЕУ, земјата, државата која има направено најмногу, најголем компромис сме ние. За жал, главните европски земји иБрисел како синоним за Европа не успејаа да го валоризираат, да го прикажат ова како голема вредност“, изјави Африм Гаши, Претседател на Собранието.

Потпретседателот на собранието Антонио Милошоски потсети на изјавата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која при посетата на Македонија посочи дека по промената на уставното име ќе се отвори европската перспектива за државата, но дека веднаш потоа следуваше француското вето. Милошоски нагласи дека Европската комисија не носи конечни одлуки за проширувањето и дека секој чекор што ќе го преземе државата треба да биде поврзан со јасна и остварлива цел.

Реклама


„Кога доаѓа изјава од Европската Комисија треба да знаеме дека ЕК не е таа што ја носи одлуката за нови земји членки и за моделот за проширувањето. И затоа сметам дека која и следна отстапка да биде направена, треба да биде проценето дали истата ќе ни отвори извесен пат за стигнување до целта“, рече Милошоски.

Венко Филипче, првиот човек на СДСМ пак упорен, уставните измени мора да се направат и час поскоро да се внесат Бугарите во уставот. Според него оваа Влада нема интерес за членство во ЕУ.

„Не може да не го спомене унгарското и сропско влијание не нашата власт. Не можеме да не ги споменем бизнис врските кои водат до највиоскиот периметар на власта, затоа што тоа е многу опасна работа која што сега се случува и можеби е дел од причините за тоа што не го продолжуваме европскиот пат“, смета Филипче

За германската амбасадорка Петра Гетлер, полноправното членство на Македонија не е нешто за кое што треба да се разговара, туку тоа мора да се случи. Таа е убедена дека и Македониа ќе биде дел од Унијата, но мора прво да ги исполни преземените обврски. Стефан Худолин, Шеф на соробтката на европската делегација ја пофали посветеноста на Македонија во рамки на реформтие од европската агенда.

Мнозинството од овие реформи бараат прилагодување кон европското АКИ. Во однос на техникалиите кој што би можеме да дискутираме за конкренти реформи и доколку самите преговори не бидат отворени. Но сепак може да се напредува во оваа насока за кога ќе започнат преговорите да се забразаат овие техникалии, рече Худолин

Говорниците на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“ се согласија дека Макеоднија мора да го искористи моментот на геополитички тензии за полноправно членство во ЕУ.