Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Проширена истрагата 13 полициски службеници од Штип и Кочани за пожарот во дискотеката „Пулс“

13 полицајци од Штип и Кочани се соочуваат со затворски казни од…

Сподели:

13 полицајци од Штип и Кочани се соочуваат со затворски казни од една до десет години бидејќи се осомничени дека сториле тешки дела против општата сигурност, за трагедијата во дискотеката „Пулс“ што се случи на 16 март. Меѓу нив има полицајци што биле на смена кобната вечер, сменоводители и началници. Според обвинителството полицајците не спречиле активирање на пиротехника што ја донела групата ДНК. Палењето не било пријавено во полициската станица, а тоа е причината за смртоносниот пожар кој однесе 62 млади животи. Исто така, пиротехниката била запалена за време на полициската контрола, а полицајците не презеле ништо, информира Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Осомничените не преземале мерки да спречат активирање на пиротехничка опрема на сцената каде настапувала музичката група „ДНК“ во моментот кога ја вршеле контролата, чие палење не било пријавено во полициската станица Кочани, а од која пиротехника како последица настанал пожар во дискотеката „ПУЛС“, со што не преземале мерки за заштита за присутните лица во дискотеката „ПУЛС“, каде поради несоодветните услови за работа во текот на акциската контрола настанал пожар, информира Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Обвинителството за гонење на организиран криминал бара Судот на осомничените да им определи мерки за обезбедување на присуство. Од изутринава со полициски марици, полицајците се доведени на распит во Кривичниот суд.

Реклама

Инаку, МВР сите докази уште пред еден месец ги има доставено до Обвинителството. Нејасно е што чекал јавниот обвинител досега и дали тактизирал, кога веќе месец дена ги имал сите докази за приведените полицајци.

По трагедијата, Секторот за внатрешна контрола при МВР формирал неколку тима кои истражувале дали има одговорност кај актуелните началници, сменоводители и полицајци од Штип и Кочани. Биле проверени сите полициски контроли коишто биле извршени во угостителските објекти на газдата на Пулс. Се провериле и сите мобилни телефони на полицајците, а исто така тие биле и сослушани во врска со нивното одобрување на плановите за работа.

И претходно беа приведени полицајци во два наврати поради сомнение дека не постапиле законски и дозволиле да се случи кобниот пожар. Според обвинителството тие потпишале и одобриле документација „Пулс“ да работи во субстандардни услови. Имало пријави во полиција за кривични дела и нарушување на јавен ред и мир, но и покрај тоа во 2023 година била издадена лиценца, со потпис и одобрение на полицајците.

Истрагата за полициските службеници ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал.