Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Просечната плата во Македонија пораснала за 7.6%

Просечната плата пораснала за 7.6% за една година. Најновите податоци на Државната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просечната плата пораснала за 7.6% за една година. Најновите податоци на Државната статистика покажуваат дека таа во декември достигнала 46.889 денари или нешто над 760 евра.

Најголеми примаања имаат програмерите кои во просек заработуваат по 1.400 евра месечно, потоа во секторите финансиски дејности нешто над 1.060 евра и рударство и вадење камен над 970 евра.

Најниски плати има во угостителството, нешто под 540 евра, а потоа комуналните дејности и земјоделство и шумарство со по околу 590 евра.

Реклама

За една година најмногу порансале платите во секторот транспорт за над 13%, а потоа во трговијата и образованието за по околу 10%.

Новата просечна плата која е поголема за 7.6% дополнително ќе го зголеми минималецот наредниот месец зашто учествува со 50% во пресметката. Останатиите 50% се трошоците на живот кои за една година пораснале за 3.2%.

Од друга страна пресметките на Сојузот на синдикати покажуваат поголем раст на цените од она што го мери Државната статистика.

Нивната најновна пресметка на потрошувачката кошничка покажува дека за едно едно четиричлено семејство да го помине месец јнауари биле потребени се 67.382 денари или дури 900 денари повеќе од декември.

Доколку се вкрстат податоците од заводот за статистика и синдикатот, двајца вработени со просечна плата во четиричлено семејство можат да го истуркаат месецот и при тоа да заштедат околу 400 евра, доколку живеат во сопствен дом.