Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Просечната оценка од полагањето на сите три типа матура е 3,66

Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура.
Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција денеска ги соопштија резултатите кои се конечни и по поднесени и разгледани приговори.

Новина оваа година беше што матурантите полагаа три типа матурски испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.

Просечната оценка за државна матура е 3,62, за стручна 3,91 и за уметничка 3,59. Министерката Јаневска изјави дека е задоволна од просекот кој е речиси задржан од лани, кога беше 3,69, за разлика, рече, од 2024 кога беше 3,26.

Реклама

-Ценам дека ова се објективни резултати поради подготвеноста на сите вклучени во организирањето на матурата, рече Јаневска.

Повеќе од 14 500 ученици кои завршија средно образование во учебната 2025/2026 година беа пријавени за полагање на екстерните испити (задолжителниот мајчин јазик и уште еден предмет од понудените за избор) од матурата во јунската испитна сесија. Тестовите ги полагаа на 6 и на 11 односно 12 јуни. 

Од вкупно пријавени 14 587 ученици за полагање на матурата,  12 184 беа пријавени да полагаат државна матура, 2276 ученици за државна стручна матура и 127 пријавени за државна уметничка матура. На полагањето не дошле 348 пријавени или 2,39 отсто.

Гимназијалците полагаа само државна матура, која, исто така, според новата концепција, можеа да ја полагаат и учениците од  стручните и од уметничките училишта, кои избираа помеѓу државна матура и стручна односно уметничка матура,

За државна матура се полагаше тест по странски јазик (англиски, француски, германски, руски или италијански) или математика. Матурантите што полагаа државна стручна матура имаа тест по англиски или по математика, а за државна уметничка матура изборот беше помеѓу англиски јазик и историја. Како и во минатите години, за екстерниот испит најмногу полагаа англиски јазик (13 208). Другите четири странски јазици беа опција само за учениците кои полагаат државна матура.

За секој испит (предмет) од типовите матура беа изработени посебни испитни програми врз основа на кои беа изготвени испитните прашања, а се темелеа на наставните програми по кои учениците следеле настава во текот на нивното четиригодишно образование.