Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Просечната нето плата во август 45 310 денари

Во август годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 45 310 денари, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во август годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 45 310 денари, а просечната бруто-плата била 68 180 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување од 10,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Зголемувањето на нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.6 %, Образование за 14.5 % и Административни и помошни услужни дејности за 14.1 %, додека зголемувањето на бруто платата на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена  и социјална заштита за 14.9 %, Образование за 14.8 % и Административни и помошни услужни дејности за 14.4 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на јули е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 5.2 %, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4.7 % и Рударство и вадење на камен за 4.5 %. Зголемување, пак, на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на јули е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 5.3 %, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4.8 % и Рударство и вадење на камен за 4.6 %.