Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Просечната каматна стапка на вкупните депозити 2,17 отсто, а на вкупните кредити 4,67 проценти

Во јуни 2026 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,67%…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во јуни 2026 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,67% и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,36 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од претходниот месец и изнесува 2,17%. На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити е пониска за 0,03 п.п.   – Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити2, во јуни, изнесува 4,38% и бележи месечно и годишно намалување од 0,04 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити оствари месечно и годишно зголемување од 0,33 п.п. и 0,19 п.п., соодветно и изнесува 2,54%, соопшти Народната банка.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор, во јуни, е пониска за 0,02 п.п. во однос на претходниот месец и изнесува 4,31%. Притоа, промената е резултат на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,04 п.п. и 0,03 п.п., соодветно), како и на каматните стапки на кредитите во странска валута (0,01 п.п.). На годишна основа, оваа каматна стапка забележа пад од 0,31 п.п. 

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, е повисока за 0,03 п.п. на месечна основа и изнесува 4,25%. Нагорната промена во целост се должи на растот на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,44 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула се намалени (за 0,07 п.п. и 0,04 п.п., соодветно). Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,03 п.п. на годишна основа. 

Реклама

Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор бележи месечно намалување од 0,03 п.п. и изнесува 2,66%. Падот во целост е резултат на пониските каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,04 п.п.), додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута се непроменети. На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,10 п.п.    – Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор изнесува 2,20% и забележа месечно зголемување од 0,49 п.п. Анализирано по валута, растот произлегува од зголемувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,30 п.п.), додека каматните стапки на депозитите во странска валута остварија пад од 0,13 п.п. Овој месец, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Во споредба со јуни претходната година, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е намалена за 0,18 п.п.  

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во јуни, изнесува 5,02% и е намалена за 0,02 п.п. на месечно ниво. Притоа, промената се должи на падот на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула за (0,04 п.п. и 0,01 п.п., соодветно) и на каматните стапки на кредитите во странска валута за (0,01 п.п.). Оваа каматна стапка бележи годишно намалување од 0,42 п.п.  

Во јуни, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата оствари месечен раст од 0,07 п.п. и изнесува 4,71%. Зголемувањето произлегува од повисоките каматни стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,13 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), при забележан пад на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,06 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 0,02 п.п.  

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, овој месец, е зголемена за 0,01 п.п. и изнесува 2,10%. Притоа, растот се должи на зголемените каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,03 п.п.), во услови на непроменети каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута. Во споредба со истиот месец претходната година, оваа каматна стапка е пониска за 0,05 п.п.  – Во јуни, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата6 забележа месечен раст од 0,21 п.п. и изнесува 2,74%. Месечната промена произлегува од растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,25 п.п.) и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,02 п.п.). Притоа, овој месец банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. На годишно ниво, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата оствари раст од 0,41 п.п.