Реклама

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Македонија

Промовирана нова платформа за дигитално управување со земјоделско производство

Ново интегрирано дигитално решение за следливост на свежо овошје и зеленчук од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ново интегрирано дигитално решение за следливост на свежо овошје и зеленчук од парцела до финален купувач е презентирано денеска од страна на ИНОФЕИТ – ЕДИХ и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

Директорот на ИНОФЕИТ – ЕДИХ, професор д-р Димитар Ташковски објаснил дека дигиталното управување со земјоделското производство овозможува ефикасно следење и организација на клучните активности поврзани со бербата, испораката, складирањето, откупот, извештаите и анализата на податоците.

– Во ИНОФЕИТ – ЕДИХ сме посветени на поддршка на малите и средни компании во процесот на дигитална трансформација преку развој на практични и применливи решенија. Особено сме горди кога ваквите решенија имаат потенцијал да ги користат поголем број компании, бидејќи на тој начин се зголемува нивното влијание, се поттикнува соработката и се создава поширок позитивен ефект врз целиот екосистем, истакнал Ташковски.

Реклама

AgroPath како дигитално решение е наменето за мали и средни земјоделски производители –  производители на зеленчук, овошје, како и задруги и откупувачи.

– Решението овозможува следење на производите низ целиот производствен и извозен синџир, преку евиденција на податоци за производството, сертификација, контрола на квалитет и дигитална валидација на извозните пратки. На овој начин, купувачите добиваат брз пристап до проверени информации што придонесува за поголема доверба, поедноставени процеси за сертификација и подобрена позиција на извозниците, нагласил Ташковски.

Интегрираното решение е изработено за потребите на Здружението на производители и трговци на свежо овошје и зеленчук – МАКФРЕШ.

Според претседателот на Здружението Крсте Витанов, оваа алатка значително помага во надминување на реалните секојдневни потешкотии со кои производителите се соочуваат при управување со производството.

– AgroPath ни овозможува да го дигитализираме секој чекор од процесот – од берба до испорака. Благодарение на платформата имаме јасна евиденција, целосна следливост и сигурност дека нашите пратки се усогласени со барањата на купувачите. Ова ја зголемува довербата и ни отвора врати кон нови меѓународни пазари, потенцирал Витанов.

Веќе три компании-членки на МАКФРЕШ се во процес на имплементација на дигиталното решение, кое специфично се прилагодува на потребите на секој производител, а постои голем интерес за негова примена и кај останатите членови на МАКФРЕШ.

Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ континуирано работи на поддршка на дигитализацијата и дигиталната трансформација на земјоделско-прехранбениот сектор, со цел јакнење на конкурентноста на компаниите и одржливи системски промени во секторот.

– Во таа насока, во директно партнерство со ИНОФЕИТ – ЕДИХ и МАКФРЕШ креиравме платформа која им овозможува на компаниите да обезбедат целосна контрола на движењето на производите. Ова решение ја зголемува транспарентноста, ја подобрува довербата помеѓу производителите и откупувачите и ја олеснува усогласеноста со меѓународните норми и стандарди, како клучни предуслови за развој на конкурентно  снабдување на глобалните малопродажни синџири, истакнал Горан Дамовски, директор на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

Решението ќе се надградува и проширува за различни култури, сорти и дополнителни потреби, со цел да креира долгорочна вредност и да ја зголеми конкурентноста на целиот сектор.