Реклама
Македонија

Промоција на четири нови електронски услуги од ФЗО на националниот портал за услуги

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со директорот на Фондот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска ќе одржи прес-конференција по повод пуштање во функција четири нови електронски услуги од ФЗО.

Како што се наведува во заедничкото соопштение од Министерството за дигитална трансформација и од ФЗО, станува збор за три електронски услуги наменети за физички лица и една за правни лица, кои ќе бидат достапни на Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk.

Прес-конференцијата ќе се одржи во Медија центарот на Владата.