Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Пролетно реновирање на Скопје – Ѓорѓиевски најави реконструкција на булевари, кеј и паркинзи за побезбеден и убав град

Проширување на улицата „Лазар Трпевски“, булеварот „Македонско- Косовска бригада“, реконструкција на булеварот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проширување на улицата „Лазар Трпевски“, булеварот „Македонско- Косовска бригада“, реконструкција на булеварот „Цветан Димов“, пешачки и велосипедски патеки, ново осветлување како и паркинг места за едни од најважните трансверзали на градот најавува градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓоргиевски. Проекти кои само се ветуваа повеќе од 15 години, сега ќе се реализираат вели Ѓоргиевски најавувајќи пролет полна со крупни инфраструктурни проекти кои треба да ја зголемат безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

„Сумарно имаме пролет во која ќе започнеме многу проекти некаде како град Скопје и ќе ги водиме сами проектите, некаде ќе бидеме во координации заеднички со локалните власти, не само во Чаир туку и со другите локални општини во градот Скопје. Ќе има многу проекти и проблеми од минатото конечно ќе ги оставиме зад себе, решавајќи ги само во интерес на граѓаните.“- вели градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

И кејот на Вардар ќе добие нов лик. Градските власти најавуваат реконструкција, вклучително и обновување на градската плажа, спортските игралишта и патеката, со цел просторот повторно да стане уредено и достоинствено место за рекреација на граѓаните.

Реклама

„Освен новите проекти кои што ги започнуваме, моја обврска е да и онаа стара грда слика на градот Скопје ја поправиме и достоинство да донесеме за оние кои што спортуваат, се рекреираат. Бабите и дедовците кога ги шетаат внучињата треба достоинствено да биде среден тој потек. Така да, тука сумарно би кажал дека реконструкција правиме практично на цел тој потек, а за многу брзо во соработка со МЕПСО, државната компанија ќе започнеме процес на обновување и на тартан стазата и патеката на кејот на Вардар, така што убаво ќе изгледа пролетва тој дел таму.“- вели Ѓорѓиевски.

Чистотата и редот остануваат приоритет на градот, но одржувањето на јавните простори не може да биде само институционална обврска. Градот најавува построги контроли, повисоки казни и нови инвестиции, но сепак градоначалникот смета дека без поголема граѓанска одговорност, секое чистење ќе биде само привремено решение.