Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Економија

Производната цена на пченицата од 14 за килограм не е доволна за земјоделците, министерот Трипуновски вети помош

Нецели 14 денари за килограм, толку изнесува новата производна цена за пченицата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нецели 14 денари за килограм, толку изнесува новата производна цена за пченицата, пресмета Земјоделскиот факултет. Полјоделците не се задоволни бидејќи производната е повисока од откупната и тоа ги носи во загуба. Од Националната мрежа на земјоделци алармираат, дека на пазарот е настанат општ хаос, а килограм пченица се откупува од 8 до 12 денари.

   „Не се согласуваме за таа производна цена. Според дефиницијата на законот ние имаме од производната цена некаде имаме плус 25%, значи тоа е загарантирана цена на пченицата во Македонија. За жал сега на теренот имаме општо дивеење од страна на откупувачите, мелничарите. Не почитуваат никаква економски логика .овде државата мора максимално да се вклуче и да им помогне на полјоделците, да го преживеат овој тежок период„ изјави Ѓорги Каракашев, претседател на Националната мрежа на земјоделци.

Пченицата е стратешки производ и затоа државата треба да се вклучи со дополнителни мерки за земјоделците, се спасат од економски колапс.

Реклама

-Со ресорниот министер имавме една средба. Покажа кооперативност и добра соработка. Има напори да сес дојде до некое прифатливо решение. Рекоа дека будно ќе ја следат состојбата и доколку има простор државата ќе интервенира, на кој начин не знам. Ние баравме да се оделат некакви средства преку интервентниот фонд за да може да се постигне колку толку некоја економска одржливост, посочи Каракашев.

Министерот Трипуновски, апелира до земјоделците, доколку имат било какви забелешки при откупот веднаш да алармираат до Земјоделскиот инспекторат. Инспектори  се на терен и се следи целиот процес. Ресорниот министер посочи дека по завршување на откупот, ќе се направи анализа, со цел да се утврди дали ќе бидат потребни дополнителни мерки од интервентниот фонд.

Ожнеани се повеќе од 80% од посеаните површини, но климатските промени си го земаат данокот. Според првичните калкулации на Мрежата, од оваа реколта се очекува да бидат ожнеани од 180.000 до 200.000 тони пченица, што ни приближно не ги задоволува основните  потреби на населението.