Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Програми за доживотно учење на Факултетот за музичка уметност во Скопје

До 25 февруари трае уписот за  програмите за доживотно учење на Факултетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 25 февруари трае уписот за  програмите за доживотно учење на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој соопшти дека се работи за единствена можност за лица над 20 години што сакаат да го прошират своето музичко образование и да се надградат професионално.

-Наставата се реализира со врвен универзитетски кадар и нуди висок квалитет во разни области: свирење на инструменти, соло пеење, популарни   жанрови, диригирање и композиција. Секој учесник добива индивидуален пристап и работи   во   одлични   услови   кои   овозможуваат целосно развивање на талентот и личен напредок. На крајот од секој семестар учесниците добиваат сертификат издаден од Факултетот за музичка   уметност   –   Скопје,   што   претставува официјално признание за стекнатите знаења и вештини, информира ФМУ. 

Факултетот во соопштението додава дека програмата е инвестиција во личниот развој, „можност да се откријат нови хоризонти, да се надгради сопствената музичка култура и да се ужива во процесот на учење со најдобрите професионалци“.

Реклама

Повеќе информации за програмите се достапни на линкот: https://www.fmu.ukim.edu.mk/about/lifelong-learning, а во врска со уписот информации може да се добијат на тел. 02 / 3134 345   или  на   мејлот: [email protected]