Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Професорката Кадри Шахиновиќ и адвокатката Јошевска Анастасовска станаа членки на Судски совет

Професорката Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска станаа членки на Судскиот совет.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Професорката Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска станаа членки на Судскиот совет. Собранието даде земелно светло за предлозите на Гордана Силјановска Давкова за членови на Судскиот совет.

За шефицата на државата, Судскиот совет е микроскоп и ренген на системот. Таму може да седат луѓе што ќе оценуваат врз основа на интегритет и дигнитет, подвлече Силјановска Давкова од собраниската говорница  За двете кандидатки, Силјановска Давкова даде само пофални зборови. Таа верува во нивната комтенетност, но и етичност, бидејќи без етика нема независно судство.
И претседателот на Судскиот освет Камбовски е оптимист за изборот на претседателката. Тој верува во нејзиниот избор, комтетентноста и стручноста на професорката Шахиновиќ, како и за вториот предлог, адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска. Според Камбовски, новите членови доколку се избрани може да продонесат во ефикасноста на судсскиот систем.
Празните столчиња во Судскиот спвет се испразнети подолго време.Силјановска го чекаше усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет што беше изгласан на 29 декември. Законот носи промени за зголемување на транспарентноста и отчетноста, објавување на процедурите, прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“ и зајакнување на дисциплинската одговорност на членовите.
Арлинда Кадри-Шахиновиќ е универзитетски професор со долгогодишна академска кариера, додека на јавноста ѝ е позната и како поранешен член на Комисијата за амнестија. Сузана Јошевска Анастасовска е адвокат со долгогодишна пракса, особено во кривичните предмети.
Судскиот совет има 15 члена, од кои осум се избираат од судиите, тројца од Собранието, двајца ги предлага претседателот на државата, а двајца се членови по функција – претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, без право на глас.

https://youtu.be/gpWO1rjXnxc