Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесностЛУЧНИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА  – ГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ, КРАЈНА НЕИЗВЕСНОСТ

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

Проект на четвртоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ награден на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај во Берлин

Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје освоија награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026, кој традиционално се одржува во Берлин, Германија. Од училиштето соопштуваат дека проектот „Нашето патување на Јупитер“ бил изготвен од учениците од 4а одделение и координиран од наставниците Ирена Грегориќ и Стефан Симовски. – Конечната одлука во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје освоија награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026, кој традиционално се одржува во Берлин, Германија.

Од училиштето соопштуваат дека проектот „Нашето патување на Јупитер“ бил изготвен од учениците од 4а одделение и координиран од наставниците Ирена Грегориќ и Стефан Симовски.

– Конечната одлука во врска со наградите на овој екипен меѓународен натпревар за ученици од трето и четврто одделение годинава ја донесе деветчлено стручно жири составено од претставници на организаторот Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин, универзитетски професори (астрофизичари), наставници, германски владини претставници, германски парламентарци, медиумски работници и претставници на концернот Ербас – стои во соопштението.

Реклама

Натпреварот го организира Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија, Сојузната конференција за образование и истражување на Германија, „Луфтханза техник“ АД и концернот ЕАДС, во чиј склоп влегува и познатиот производител на патнички авиони „Ербас“.