Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Продолжувањето на кризната состојба го мина првиот филтер во Собранието

Продолжувањето на кризна состојба до крајот на јуни, помина на собраниската комисија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжувањето на кризна состојба до крајот на јуни, помина на собраниската комисија за одбрана. Предлогот продолжува да се разгледува и натаму низ собраниските тела. Власта бара кризната состојба да трае до идното лето односно до крајот на јуни. Убедена е дека првиот кризен месец дал ефекти.

Од опозицијата пак поднесоа амандман, рокот да се намали на три месеци односно кризната состојба да се продолжи до 31 март 2021, што не беше прифатено од страна власта. Тие сметаат и  дека треба да се сноси  поголема одговорност поради состојбата со пандемијата, големиот број смртни случаи и можноста од евентуални злоупотреби кои ќе произлезат со продолжувањето на кризната состојба. Дел од пратениците бараат извештај и објаснување што Владата искористила од можностите што и се отвораат со прогласување на кризната состојба. Оценија дека не доволно се искористени мерките и лошо се справуваме со Ковид – епидемијата. Прашаа во која насока ќе се движиме понатаму, зошто е зголемен бројот на хоспитализирани, каква е превенција од Ковид – 19, а побараа и информација за тоа кои конкретни мерки се преземени односно искористени.

Една од партиите дел од владејачката коалиција предложи и побара да се изгови нов закон за вонредна или воена состојба, затоа што законската регулатиива била недоволна, како и да се реформира системот на управување со кризи.

Реклама

На 19 декември ќе помине еден месец откако Советот за безбедност препорача воведување на кризна состојба поради пандемијата со коронавирусот. Иако власта тврди дека првиот кризен месец дал резултати, фактичката состојба е поинаква. Освен армијата што излезе на терен друго нема ништо конкретно.

Кога се воведе кризна состојба бројката на новозаразени беше над 1000 деневно, а бројката на починати двоцифрена. Речиси еден месец подоцна повторно бројките се исти.

Една од причините за воведување на кризна состојба беше државата да менаџира со приватните болници. За таа цел беше договорено да се стави во функција да се стави стариот оддел на Систина, за на крај здравствените власти да одлучат дела ковид центарот ќе се користи тогаш кога ќе се пополнат капацитетите за лекување во државното здравство.

Мери Ѓорѓиевска